Македонската женска ракометната репрезентација, одигра нерешено – 29:29 против Италија, во воведниот натпревар на турнирот во турскиот град Анталија.
Италијанките по првото полувреме имаа водство од 16:13, а избраничките на селекторот Симе Симовски вторите 30 минути ги добија со 16:13, па средбата заврши нерешено. Македонскиот тим не отпатува комплетен во Анталија, шанса за докажување имаат некои младинки и кадетки.
Утре следуваат два меча за селекцијата на Македонија, најпрвин претпладне против вториот тим на Турција, а потоа попладне против најсилниот состав на Турчинките. Последниот меч е на 25 ноември против Косово.