Ракометарите на Вардар вечера с епоразени на гостувањето кај Мешков Брест со 31:22. По овој пораз, „црвено-црните“ паднаа на 6.место во Б-групата од Лигата на шампионите.

Белорускиот тим на актуелниот европски шампион му го нанесе четвртиот пораз оваа сезона во групната фаза и ги задржа теоретскит ешанси за пласман во елиминациската фаза.

А дека вардарци ќе загубат со огромни девет разлика не се насетуваше по првото полувреме кое македонскиот тим го доби со 13:12. Неизвесна борба се водеше се до резултат 23:22 за домаќините до последните десетина минути, а потоа целосен пад во играта на Вардар и серија од 8:0 за Мешков за конечен триумф.

По девет кола во групата води Кил со 14 бода, Веспрем има 12, Монпеље 11, Келце 10, Порто 10, Вардар 9, Мешков Брест 4, Моторо 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 12:06