Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира новооснованите компании од Ин Група, која е дел од Оперативниот план за вработување.

На презентацијата, како што соопштуваат од ФИТР, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска и Нарине Сахакиан, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединети Нации, како и дел од лицата кои добија поддршка за основање на компании со иновативен потенцијал.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 10:49