Женската сениорска репрезентација на Македонија со победа против репрезентацијата на Косово го заврши настапот на меѓународниот турнир што се одржа во Анталија, Турција.

Нашата репрезентација денес во последниот натпревар од турнирот беше поуспешна од репрезентацијата на Косово со резултат 30:27, на полувреме 17:13.

На турнирот сениорките претходно одиграа три натпревари, остварија по една победа, реми и пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 22:38