Две големи изненадувања се случија досега на првиот ден од Светското првенство во ракомет за жени, што се одржува во јапонскиот град Кумамото.

Франција, која е актуелен шампион, загуби од Јужна Кореја со 27:29. На полувреме, Французинките имаа минимална предност, но во вторите 30 минути беа надиграни, и претрпеа неочекуван пораз. За Франција играат и три некогашни ракометарки на Вардар, тоа се Лејно, Лакрабер и Пино.

Изненадување претставува и убедлеивата победа на Словенија против Холандија, која важеше за кандидат за медал. Словенките славеа со 32:26. Холандија на претходното СП и лани на ЕП беше трета и освојуваше бронзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2019 15:14