Победата на Германија над Австралија од 34:8 и ремито на Франција со Бразил, го одбележаа денешниот ден на Светското првенство за ракометарки кое се игра во јапонскиот град Кумамото.

После поразот од Јужна Кореја во првото коло, актуелниот првак Франција се чинеше дека ќе го совлада Бразил и водеше со три гола разлика по првото полувреме, но ентузијазмот како да им спласна, Бразилките се изборија за бод и нерешени 19:19.

Црна Гора беше подобра од Казахстан со 30:21, а Германија прими само по четири гола во двете полувремиња против Австралија и победи со 26 гола разлика. Романија го победи Сенегал со 29:24, а Шпанките беа подобри од Унгарките со 29:25. Остана да се игра само уште мечот Данска – Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 12:50