Вардар во „Јане Сандански“ е надигран и поразен од Веспрем со 29:38 во ракометната лига на шампиони, вторпат со девет гола разлика од овој ривал, како и во Унгарија.

За Вардар ова е петти пораз во десеттиот настап сезонава во елитното европско натпреварување, и моментно е шести во групата. Унгарскиот тим првото полувреме го доби со 22:15, и уште тогаш најави дека второто полувреме ќе биде само формалност и шанса за некои од помладите да добијат шанса.

Атман со 7 гола беше најефикасен кај некомплетниот Вардар, а Чупиќ и Калараш дадоа по четири. Кај Веспрем се истакна Ненадиќ со 11 гола од 12 обиди. Сега на македонскиот тим му останува борбата за што подобар пласман во групата и нешто полесен ривал во осминафинаната рунда.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 22:48