Нови избори во Израел би можеле да се одржат на 2 март доколку до среда биде распуштен Парламентот, објави денеска израелскиот весник „Харец“.

Тоа ќе бидат трети избори за помалку од една година. Претходните се одржаа во април и во септември.

Весникот пишува дека за датумот на избори денеска постигнале договор израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички противник Бени Ганц, лидерот на опозициската партија „Сино и бело“. Исто така, се очекува израелскиот Кнесет до среда да биде распуштен.

Првично било планирано изборите да се одржат на 10 март, како и дека би се прекршила традицијата изборите да бидат во вторник доколку се закажат за 2 март.

Весникот наведува дека сега мора да се испочитува правната процедура, која треба да заврши в среда на полноќ, кога истекува рокот за формирање влада и кога се очекува распуштање на Парламентот



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2019 16:07