Високиот севернокорејски функционер Ри Су Јонг изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да престане да користи навредлив јазик, кој може дополнително да го навреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Потпретседателот на владејачката Работничка партија на Кореја, Ри истакна дека Трамп треба двапати да размисли доколку не сака да види „поголеми катастрофални последици“, додавајќи дека Пјонгјанг ќе донесе конечна пресуда до крајот на годинава.

Претходно, високиот севернокорејски претставник Ким Јонг Чол нагласи дека Ким би можел да го промени односот кон Трамп, ако тој продолжи со „несоодветни, опасни“ коментари. Тој воедно го нарече Трамп „нетрпелив старец“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2019 16:09