Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на „Нормандската четворка“, а францускиот претседател Емануале Макрон оцени дека состанокот бил продуктивен и дека самиот факт дека лидерите се наоѓаат еден покрај друг покажува кредибилно повторно почнување на мировните преговори.

Макрон ја поздрави „политичката храброст“ на украинскиот претседател Володомир Зеленски за кого состанокот во Норманскиот формат беше прв од ваков тип.

-Денаска навистина беше многу постигнато. Ова е прв состанокот на претседателот Путин и претседателот Зеленски од април 2019 година, по изборот на господинот Зеленски. И сакам да заблагодарам на оваа вистинска одлучност и храброст која ја покажа во непосредното решавање на судирот во својата земја. изјави Макрон на прес конференцијата по завршувањето на самитот.

Според него, дискусијата на состанокот на Норманската четворка го овозможија напредокот во многу прашања за решавањето на украинската криза, вклучуваји ја и размената на заробеници.

Новата средба, кажа тој, треба да се оддржи во рок од четири месеци, но не го наведе точниот датум.

Вчерашните разговори траеја 5,5, часа, вклучувајќи го и 1,5-часовниот прекин за одвоените средби во четири очи меѓу претседателите на Русија и Украина.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу задоволна од самитот и дека лидерите на „четворката“ договориле дека постои потреба од посебна координација на политичките чекори за оддржување на локалните избори во Донбас и додаде дека сите учесници на самитот покажале добра волја за политичко решавање на ситуацијата во Донбас.

Рускиот претседател изјави дека работата на „Нормаднската четворка“ била многу корисна и дека Русија ќе направи се за да го даде својот придонес во процесот на решавање на ситуацијата во Украина.

-Многу сме им благодарни ( на лидерите на Франција и Германија) што посветија толку внимание на ова прашање и вложија толку напори за да се постигне конечно решение, од своја страна Русија ќе направи се за да придонесе во овој правец, рече Путин на заедничката прес конференција.

Претседателот Зеленски кажа дека го отворил прашањето за повторното преземање на контролата над границата со Русија од страна на Киев и дека се надева дека на следниот состанок на „четворката“, по четири месеци, ќе се навратат на ова прашање.

Зеленски кажа дека Украина е подготвена да го реалиизра договорот постигнат во Париз, но дека е тоа „двонасочна улица“

-Се надевам дека сите договори ќе се почитуваат, но сфаќаме дека само конкретни каиции ќе бидат потврда на подготвеноста на сите за мир. Ние сме, од своја страна, подготвени да ги реализираме договорите, но таа е двонасочна улица, изјави Зеленски.

Според него, тој никогаш нема да се согласи на „федерализација на Украина“ и нема да дозволи притисок врз надворешната политика на земјата.

-Украина е унитарна држава, тоа е непроменлив член на Уставот на Украина и непрокосновен пирнцип на постоењето на државата, рече Зеленски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 10:31