Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе оддржи седница по повод нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја, изјави дипломат од ОН.

Седницата на СБ на ОН ја побараа САД, пренесуваат британските медиуми.

Неименуван функционер на Стејт департментот претходно изјави дека САД тоа ќе го побараат за да може да се разгледаат последните лансирања на ракети од страна на Северна Кореја и опасноста од нејзини нови провокации.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 10:38