Рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володомир Зеленски во Париз се договорија до крајот на годинава целосно да го спроведат сеопфатниот договор за прекин на огнот во источна Украина.

На состанокот во рамките на Нормандиската четворка, која ја сочинуваат Русија, Франција, Германија и Украина, тие се договорија да ги ослободат и разменат сите затвореници кои се поврзани со конфликтот, исто така, до крајот на 2019 година.

Тие се договорија и до крајот на март 2020 година да ги распуштат воените сили во три области на Украина.

На прес-конференција по разговорите во Елисејската палата, Путин ја поздрави средбата на четворката, наведувајќи ја како важен чекор кон деескалација на конфликтот во Украина.

Путин исто така повика на измени во украинскиот Устав со цел на Донабас да му се даде посебен статус.

Тој додаде дека е потребно да се дозволат повеќе премини за цивилите во источна Украина и да се даде амнестија на луѓето вклучени во конфликтот.

Зеленски пред новинарите рече дека Украина нема да се согласи на територијални отстапки во замена за мир.

Тој додаде дека неговата земја мора да има целосна контрола врз нејзините источни области и нема да направи компромис на тоа поле.

Тој исто така рече дека проблемот со извозот на руски гас преку Украина е решен и дека ќе се работи на договор за ова прашање.

Русија и Украина сè уште не се согласуваат за конкретни прашања, како што е повлекувањето на проруските сили и изборите во областите на Украина кои се под контрола на бунтовниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 12:23