Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја исклучува можноста за интервенција доколку Либија, односно официјален Триполи, тоа го побара.
Тој во интервју за турската телевизија ТРТ ги обвини земјите кои го поддржуваат Хафтар дека го кршат ембаргото за продажба на оружје воведено од ОН.
Турција своевремено беше обвинета дека во минатото ги поддржувала провладините милиции, снабдувајќи ги со оружје.
Инаку, Калифа Хафтар е поставен за командант на Либиската национална армија од страна на меѓународно признатиот Совет на пратеници во 2015 година, но либиските вооружени сили подоцна се поделија во Либиски вооружени сили под контрола на Хафтар и Либиска војска под контрола на владата на национален договор.