Репрезентацијата на Русија рано утрово ја совлада Шпанија со убедливи 36:26 во 5.коло од Групата 2 на Светското првенство за ракометарки што се игра во Токио.

За Русинките ова беше петти триумф по кој како првопласирани одат во полуфинлаето.

На другиот натпревар одигран утринава Холандија ја победи Јужна Кореја со 40:33.

Холанѓанките ќе ги чекаат исходите од другите натпревари во Групата 1 за да дознаат дали ќе се пласираат во полуфиналето.

Другите двојки за денес се: Романија – Јапонија Србија – Данска Црна Гора – Шведска Норвешка – Германија.

Табела Група 1: Холандија 6 бода, Норвешка 6, Германија 5, Србија 4, Данска 3, Јужна Кореја 2.

Табела Група 2: Русија 10 бода, Шпанија 7, Шведска 5, Црна Гора 4, Јапонија 0, Романија 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2019 11:35