На Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Јапонија, попладнево завршија натпреварите од последното, 5.коло во групната фаза по кои последна пласман во полуфиналето обезбеди Норвешка со триумфот над Германија.

Претходно учеството во натпреварите за медал го потврдија, Русија, Шпанија и Холандија.

Резултати: Јужна Кореја – Холандија 33:40 Шпанија – Русија 26:36 Романија – Јапонија 20:37 Србија – Данска 26:26 Црна Гора – Шведска 26:23 Норвешка – Германија 32:29.

Табела Група – 1: Норвешка 8 бода, Холандија 6, Србија 5, Германија 5, Данска 4, Јужна Кореја 2.

Табела Група – 2: Русија 10 бода, Шпанија 7, Црна Гора 6, Шведска 5, Јапонија 2, Романија 0.

Во полуфиналето ќе играат: Норвешка – Шпанија Русија – Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2019 15:57