Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, изнајмен од Аталанта, може наскоро да замине во Интер, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според медиумот, Интер се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло.

Миланскиот клуб посакува да го реализира трансферот во јануари, но проблем е тоа што тој е изнајмен на Парма до крајот на сезоната.

Деветнаесет годишниот Кулушевски оваа сезона досега има 15 настапи во Серија А, на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2019 13:05