Поранешниот кошаркар Милан Гуровиќ, склучи договор со основното обвинителство со кој ја призна вината дека бил насилен кон жена му и ќерката, па доби казна од 10 месеци куќен притвор.

На Гуровиќ му е изречена и мерка забрана за доближување во следните шест месеци. Гуровиќ два дена беше во притвор, а потоа пуштен на слобода, со тоа што на себе има електронски уред за надзор и контрола дека нема да излезе од просториите во кои ќе ја служи казната.

Гуровиќ во вторникот ги претепал сопругата Тања (43) и ќерката Милица (16), а првичната изјава му беше дека бил нападнат од жена му, која е отечена во лицето поради ботоксот. Овој кошаркар имаше и забрана за влез во Хрватска, поради тетоважата со ликот на четничкиот водач Дража Михајловиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 22:30