Репрезентацијата на Русија го освои третото место на Светското првенство за ракометарки кое се игра во Јапонија.

Во денешниот дуел за бронза, Русија ја победи Норвешка со 33:28. Русинките кои се олимписки шампионки, на првенството во Кумамото загубија само еден натпревар, во полуфиналето од Холандија, и тоа се покажа како кобно за нив, па мораа да се задоволат само со трето место.

За Русинките ова е прва бронза, и прв медал на женско СП после пауза од десет години. Во финалето од 12.30 часот играат Шпанија и Холандија. За Шпанија ова е прво финале, а за Холандија второ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2019 18:50