Европскиот клупски шампион Ливерпул се квалификуваше во финалето на Светското клупско првенство, откако стигна до драматична победа од 2:1 над мексикански Монтереј на „Халифа интернешенл“ стадионот во Доха.

Тимот од Мерсисајд излезе со прилично поинаква постава, иако не толку вонредна како што беше пред 24 часа. Наби Кеита (11′) донесе предност за „црвените“, но само три минути подоцна израмни Роџер Фунес Мори.

До крајот на натпреварот беше многу изедначено, со тоа што Ливерпул имаше предност само во поседот на топката.

На Јирген Клоп му се наметна даги пушти во игра стартерите Садио Мане, Трент Александер-Арнолд и Роберто Фирмино. Токму Бразилецот ја донесе победата на „црвените“ во дополнителното време и го испрати тимот во финалето во сабота, каде Ливерпул ќе се сретне со Фламенго.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2019 00:27