Турските власти денеска го уапсија градоначалникот на Сур од прокурдската Народна демократска партија (ХДП) под сомнение за поврзаност со курдските екстремисти.

Заедно со градоначалникот на Сур Филис Булутекин се уапсени и двајца членови на општинскиот совет.

Агенцијата Анадолија објави дека против Булутекин се води истрага поради обвинение за терористичка пропаганда.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и турската Влада ја обвинуваат ХДП за поврзаност со Курдистанската работничка партија, која е забранета во Турција, што тие го негираат.

Анкара назначи вршители на должност во 31 општина каде што ПДП победи на изборите во март, а 23 од нивните градоначалници се во притвор во очекување на судењето.

ХДП управува со многу градови во југоисточна Турција и обично назначува маж и жена градоначалник за промовирање на родовата еднаквост.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 11:50