Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, утрово се обиде да ги демантира двете големи вести поврзани со клубот „Олд Трафорд“.

Норвежанецот категорично негираше дека Пол Погба ќе биде продаден во јануари, а исто така рече дека денес нема да се сретне со Ерлинг Холанд, за кој се вели дека пристигнува во Манчестер на финални разговори.

– Пол нема да биде продаден во јануари. Кога ќе се врати, ќе игра добро, со насмевка на лицето. Тој ќе го направи она што го правеше пред една година кога дојдов овде. Знаеме дека го имаме еден од најдобрите фудбалери на светот. На Пол му треба време за да биде целосно подготвен, но кога тој ќе го биде, ќе направи разлика за нас. Тој мора да биде 100% подготвен. Не можам да преземам никаков ризик што може да доведе до обновување на неговата повреда, рече Солскјер.

Во врска со гласините за Ерлинг Холанд, менаџерот на Јунајтед рече: „Искрено, не мислам дека Ерлинг патува на овој начин, барем не за мене. Јас многупати реков дека не можам да ги коментирам играчите на другите тимови. Постои многу шпекулации цело време. Ова е составен дел од целата работа. Може да летате на кое било место од Ставангер (според информациите утрово, летот на Холанд е од Ставангер кон Манчестер – н.з.). Тој е на одмор, па може да оди каде и да посака“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 13:54