Малта денеска, вторпат за еден месец, остана без струја, а поради неработењето на семафорите на улиците имаше сообраќаен хаос.
Без струја останаа домаќинствата, продавниците и фабриките. Државната компанија Енемалта како причина за прекинот на електричната енергија го наведе проблемот со кабелот преку кој Малта се снабдува со електрична енергија од Сицилија.
Струја снема околу осум часот, а снабдувањето постепено се воспоставува.
Сопствените капацитети се доволни за снабдување со електрична енергија на целата островска држава, но Енемалта обично се потпира на снабдувањето од Сицилија затоа што е поевтино.