„Рил ин“ - култен ресторан со 36-годишна традиција во Малибу, Калифорнија, САД изгорел вчера во пожарите коишто ја зафатија областа. Во известувањето објавено на „Инстаграм“, сопствениците Теди и Енди Леонард изразија тага и неизвесност за својата иднина.

„Срцето ни е скршено и не знаеме што ќе остане од сѐ ова... Се надеваме дека државните служби ќе ни дозволат да го обновиме (ресторанот) кога состојбата ќе се смири“, се вели во објавата.

Ниеден вработен во угостителскиот објект не е повреден.

Според наводите, гостилницата била зафатена од пламен откако пожар го преминал кањонот Топанга. „Малибу тајмс“ го опишува како „суштински дел од автопатот на брегот на Пацификот со десетлетија“ и омилено место за собирање за околното население и туристите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2025 02:38