Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, се потсети на своите почетоци во кариерата кога имал дуел со неговиот претходник во Јуве, Масимилијано Алегри, и рече дека нивните колеги кои работат во пониски лиги, не треба да се обесхрабруваат.

На 16 ноември 2003 година, екипата Санџованезе на Сари се сретна со екипата Алјанезе на Алегри во натпревар од Серија Ц2 лигата, кој заврши 0:0, а на трибините на стадионот имаше 1.400 навивачи. Тогаш никој не можел ни на помисли дека еден ден, двајцата ќе го водат гигантот Јувентус.

– Тој натпревар не само што немаше голови, туку мислам дека немаше ниту шутеви кон головите. По завршувањето, еден пријател ми рече дека штом ние двајца можеме да бидеме тренери, значи може секој. А, јас ја немам променето филозофијата за фудбалот, истиот сум, потврди Сари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2019 21:04