Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус призна дека сака да игра на секој натпревар.

– Сакам да играм на секој натпревар, но реалноста е поинаква. Се обидувам да го искористам времето кога играм кога сум на теренот. И мислам дека дојде моето време. Само сакам да играм фудбал и да се подобрам, изјави Жезус.

Оваа сезона, 22-годишниот Бразилец настапи на 24 средби, од кои 18 започна во стартниот состав.

Манчестер сити веќе в петок го очекува гостување кај Вулвс, а дали Жезус ќе го забележи својот 25 настап за „граѓаните“ ќе зависи од тренерот Пеп Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 13:04