Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез случајно објави тајна вест од клубот. Тоа се случи за време на квиз со неговиот соиграч Бенџамин Менди пред „Скај Спортс“. Видеото на алжирскиот фудбалер се рашири на социјалните мрежи, но брзо беше избришано.
Офанзивнииот фудбалер беше запрашан за кој фудбалер на Манчестер Сити беше објавено летово дека по завршувањето на оваа сезона, кога му истекува договорот, тој ќе се раздели со клубот. Тој одговори точно – Давид Силва, но потоа ненамерно го спомна Фернандињо. Менди одговори со тоа што го покри лицето и се насмевна.
Разделбата со Фернандињо би била огромна загуба за „граѓаните“ бидејќи Бразилецот е еден од нивните најважни фудбалери во последните години. Тој пристигна од Шахтјор Доњецк во 2013 година. Сепак, ваквите случувања се очекуваа во блиска иднина, откако Родри од Атлетико (Мадрид) беше регрутиран како негова замена.