Напаѓачот на Наполи, Хозе Кајехон е фудбалерот со најмногу натпревари во топ 5 првенствата во последните 10 години, според статистичката фирма „Опта Спорт“.
Порталот за статистика проценува дека Кајехон учествувал во 351 натпревар за Наполи и Реал (Мадрид) од 2010 година. По него на второто место на оваа ранг-листа е Еден Азар, кој во моментов е играч на Реал (Мадрид), кој запишал 348 натпревари. Трет е Лионел Меси со 343, а по него следува неговиот тимски колега од Барселона – Антоан Гризман со 338 средби. Топ 5 ги надополнува францускиот дефанзивец на Монпелје, Даниел Конре, со 334 натпревари.
Кајехон има 16 натпревари, 1 гол и 4 асистенции за Наполи во Серија „А“ оваа сезона.