Тотенхем со головите на Деле Али и Хари Кејн во второто полувреме, извојува победа од 2:1 против Брајтон во првиот денешен дуел од англиската фудбалска Премиерлига. Уште осум мечеви од колото се играат подоцна попладнево и вечер.

Гостите водеа по првото полувреме, но тимот на тренерот Мурињо направи пресврт. Кејн го постигна својот 100-ти гол на домашен терен во клупската кариера. Кејн има 90 гола кога Тотенхем бил домаќин со него во составот, пет пати погоди дома за Милвол, трипати за Лејтон ориент и двапати за Лестер.

Кејн на популарниот Боксинг деј (26 декември) има дадено осум гола, со што е втор стрелец на сите времиња зад Роби Фаулер кој има девет погодоци кога играл еден ден после католичкиот Божик



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 00:26