Употребата на видео-технологијата во фудбалот има и многу противници, но има и случаи како денешниот од еден натпревар во италијанската втора лига, кога се докажува оти ВАР е потребен на сите нивоа за да нема неправди.
На дуелот помеѓу Козенца и Емполи од Серија Б, домашните победија со 1:0, но гол дадоа и гостите, само што судиите не го видоа тоа. Емполи беше драстично оштетен, на фотографиите се гледа дека топката беше половина метар зад гол-линијата и резултатот мораше да биде 1:1.
Сите на стадионот видоа дека Ричи во 83 минута постигна гол, но не и судијата Пецуто и неговите помошници.