После вчерашната победа од 27:24, вечерва македонскиот ракометен машки национален тим загуби од Кувајт со 22:23, на контролниот натпревар кој се одигра во српскиот град Инѓија.

Танкоски со 4 гола беше прв стрелец меѓу избраниците на селекторот Данило Брестовац, додека голманот Митревски имаше 12 одбрани.

Утре подмладениот тим заминува за Букурешт, каде што в сабота ќе игра полуфинале на турнирот „Трофеј Карпати“ против Алжир, а потоа в недела е финале или меч за трето место. Овие средби во Србија и Романија се како изборни за ракометарите кои се таму и треба да му дадат појасна слика на селекторот кого треба да земе на Европското првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 00:52