Играчот од средниот ред, Гранит Џака го прифати предлогот на Херта Берлин и ќе замине од Арсенал, изјави неговиот советник Жозе Ногуера во интервју за швајцарски „Блик“.
Предлогот на Германците е во вредност од 25 милиони евра, а трансферот ќе стапи на сила од 1 јануари.
– Ние се договоривме со Херта и сакаме играчот да ја продолжи кариерата во Берлин“, изјави Ногуера за „Блик“.
Џака пристигна во Арсенал во 2016 година со трансфер од Борусија Менхенгладбах, каде играше четири сезони.