Натпреварот вечерва на Манчестер Сити против Вулверхемптон е многу важен за тимот. Не само што „граѓаните“ ќе бараат задолжителна победа на „Молину“, не само затоа што треба да им вратат за поразот од 0-2 на „Етихад“ на почетокот на сезоната, туку и денес ќе се искачат на втората позиција во пласманот и би задржале шанси да се вратат во борбата за титулата.
Сепак, средбата ќе биде посебна за тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Шпанскиот ментор има 99 победи во Премиер лигата од преземањето на лидерското место на „небесносините“ во 2016 година. Интересно е што тој успеа да ги постигне овие успеси на само 132 натпревари во лигата.
Доколку Сити вечерва победи, тоа ќе биде 100-та победа на Гвардиола во елитата, а со тоа тој ќе го подобри и рекордот на Жозе Мурињо за менаџер кој најбрзо стигнал до 100 успеси во Премиер лигата. Португалскиот стратег успеа да го стори тоа на чело на Челзи на 142 средби.
Натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Сити е вечерва со почеток од 20:45 часот.