Менторот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше отсуството од игра на рекордниот влезен трансфер на Спарси, Танги Ндомбеле. Францускиот фудбалер го пропушти вчерашниот натпревар со Брајтон.

По мечот, Специјалниот изјави дека причината за неговото отсуство не е повреда, туку стравот на играчот да добие нова. Ндомбеле пропушти дел од сезоната за Тотенхем поради повреди на мускулите.

– Не можам да кажам дека е повреден затоа што вчера тренираше нормално во првите пет минути. Тој дојде кај мене вчера и ми рече дека не се чувствува способен да игра, но не поради повредата, туку врз основа на стравувањата од претходни повреди. Тој има два, три или четири проблеми со мускулите од почетокот на сезоната и не се чувствува подготвен да игра. Тоа не е повреда, тоа е само состојба, тоа се две различни работи, но не е повреда, рече португалскиот стратег.

Ндомбеле дојде во Тотенхем минатото лето за сума од 60 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 15:19