Лидерот во Премиер Лигата, Ливерпул го најави својот втор зимски трансфер. Пред неколку дена екипата на Јирген Клоп го купи Такуми Минамино од Ред Бул (Салцбург), а денес го најави враќањето на дефанзивецот во Натаниел Филипс. 22-годишниот Англичанец беше во Штутгарт на заем, но „црвените“ беа принудени да го прекинат неговиот престој во Германија поради проблеми во центарот на одбраната.

Филипс запиша 11 натпревари за германскиот клуб, но сега му е потребен на Клоп. Официјалното соопштение посочува дека фудбалерот ќе биде достапен од почетокот на новата година и ќе може да игра на 5 јануари во судирот со Евертон за ФА Купот.

Нат Филипс е во Ливерпул од 2016 година, но нема ниту еден натпревар за првиот тим на официјален натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 15:40