Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за подготовките за 20-то коло од Премиер лигата против Барнли, што се игра денес од 20,45 часот.

– Имаме само еден ден помеѓу натпреварите. Се надевам дека фудбалерите спиеја добро по средбата со Њукасл затоа што имаме само еден ден да тренираме. Исто така ни треба масажа, закрепнување и рехабилитација. Имавме среќа да поведеме со три гола во дуелот со Њукасл, па би можеле да играме без напрегање. Но не е фер за професионалните фудбалери да поминат само еден ден одмор, рече Солскјер.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2019 14:19