Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фернандињо изјави дека шампионите на Англија се наоѓаат во опасност и можеби ќе треба да се борат за место во топ четири оваа сезона.
Во последниот натпревар, граѓаните остварија целосен пресврт на гостувањето кај Вулверхемптон (2:3) и се наоѓаат поблиску до петтото место во пласманот, отколку до лидерската позиција.
– Мора да бидеме реални. Ако играме повеќе мечеви како овој против Вулвс и продолжиме да губиме, ќе бидеме во многу лоша позиција. Мора да се обидеме да победуваме на нашите дуели и да ја обезбедиме втората позиција. Тешко е, но мора да бидеме искрени пред себе и сите други. Ќе се бориме да влеземе во Лигата на шампионите следната сезона, додаде 34-годишниот играч од средниот ред, чиј договор истекува ова лето.