Младиот норвешки фудбалер, Ерлинг Холанд вчера потпиша договор со Борусија Дортмунд, а агентот Мино Рајола, изјави дека за сега веќе поранешниот играч на Салцбург, се интересирале дури 12 клуба.
Холанд ја избра една од најдобрите германски екипи, клуб кој е познат како „производител на ѕвезди“.
– Сите зборуваат за Манчестер јунајтед, но за него се интересираа 12 клуба. Имавме сериозни разговори со сите. На крајот, играчот е тој кој има најдобро чувство каде треба да оди, и тој ја носи конечната одлука. Ерлинг е млад, ќе има време за одење во Премиер лигата. Веруваме дека Борусија е подобра опција за млад играч, изјави Рајола.