Раководството на Борусија Дортмунд размислува за продажба на напаѓачот Пако Алкасер. Атлетико Мадрид е меѓу главните кандидати за 26-годишниот Шпанец, но од „Сигнал Идуна Парк“ бараат 40 милиони евра, според „АС“.

Тимот од главниот град на Шпанија е подготвен да го изнајмат Алкасер до крајот на сезоната и да вклучат опција за купување во договорот, но за 30 милиони евра.

Алкасер има договор со Дортмунд до летото 2023 година, а оваа сезона има 15 натпревари во кои има постигнато 7 гола и асистираше за уште 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2020 02:23