Главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук минатата година заработил 11,6 милиони долари, што е намалување од 15,7 милиони американски долари во 2018 година, поради пониските финансиски перформанси на компанијата.
Основната плата на шефот на технолошкиот гигант се искачи до 3 милиони долари годишно, плус бонуси и различни компензации, се вели во документот претставен на официјалните претставници на берзата во САД.
Во фискалната 2018 година, Кук доби бонус од 12 милиони долари, бидејќи неговата компанија исполни за 200 проценти целите за обрт и оперативни профитни цели. За 2019 година, „Епл“ објави нето приход од 260 милијарди долари и скоро 64 милијарди долари оперативен профит.