Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери го повика Нејмар да се врати во Шпанија. Менторот работеше со бразилската sвезда во својата прва сезона во Пари Сен Жермен.
– Тој има 27 години и ги има сите квалитети да стане најдобар играч на светот. Би сакал тој да се врати во Шпанија затоа што најдобрите играат во најдобрите тимови. Јас, исто така, ја напуштив земјата за да работам во ПСЖ, но сега мислам дека тој треба да се врати, вели Емери.
Стратегот во моментов е без работа откако беше отпуштен од Арсенал во ноември. 48-годишниот тренер беше прогласен за наследник на Арсен Венгер летото 2018 година, но не успеа да ја врати екипата во Лигата на шампионите во својата прва сезона, а во втората, неговиот тим целосно потона.
Според Емери, тој бил назначен за долгорочен проект, но менаџментот започнал да паничи по слабата серија која вклучувала само една победа на девет натпревари.
– Доаѓа време кога илузиите завршуваат и тренерот плаќа за тоа. Арсенал ме назначи поради мојата визит-карта. Тие предложија изградба на проект, но резултатите доведоа до фрустрација, изјави Шпанецот.