Ракометната репрезентација на Македонија во последните пет секунди од натпреварот го реши натпреварот против Украина со фантастичен гол на капитенот Кире Лазаров.

Иако во текот на целиот натпревар македонската репрезентација водеше постојано, дури и на два пати со пет гола разлика, сепак во финишот дозволивме украинците да стигнат до нерешен резултат и натпреварот да се решава во последните секунди.

На резултат 25: 23, Никола Митревски имаше неколку фанстастични одбрани, но нашиот напад не функционираше и не успеавме да ја зголемиме разликата. Со два брзи гола, Украина стигна до 25:25 а во последните пет секунди Кире Лазаров со шут од девет метри успеа да ја затресе противничката мрежа и на тој начин да и ги донесе првите два бода на Македонската репрезентација.

Следниот натпревар е против Чешка во недела а во првиот натпревар од нашата група, домаќините Австрија успеаја да ја совладаат репрезентавцијата на Чешка со три гола разлика.

Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да собере вкупно 15 интервенции.

Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците.

За играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2020 22:22