Ракометната репрезентација на Австрија поради повреда загуби еден од своите најважните ракометари, Александар Херман, кој го пропушта турнирот.
На вчерашниот тренинг на нашиот противник во групата, десниот бек заработи скршеница на стапалото.
Херман има значителна минутажа во натпреварите за својата селекција.
Ова не е прво вакво лошо искуство за Херман, кој прво пропушти добар дел од Европското првенство кое се одигра во 2019-та, а поради скршеница го пропушти и минатогодишното Светско првенство.