Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски доби уште едно признание за својата извонредна партија при победата синоќа над Украина со 26-25.

За една од своите 15 одбрани, голманот на Еурофарм доби признание и од Европската ракометна федерација (ЕХФ)

Се работи за одбраната од последните минути кога Украина оди во контра, но Митревски го спречува ударот на Остроушко. Оваа одбрана е прогласена за втора најдобра за вчерашниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2020 15:19