Десното крило на македонската ракометна репрезентација верува дека во вторник може да се победи Австрија и да се обезбеди место во втората фаза на Европското првенство.

– Очекувавме тежок меч со Чешка. Нијанси решааваа. Се боревме до самиот крај. Не треба тука да застанеме. Одиме позитивни и оптимистички настроени со Австрија. Да се одмориме добро и да одиме на победа. Австрија повеќе ни „лежи“ од Чешка, изјави Георгиевски.

Македонската репрезентација попладнево во 2. коло од Б-групата загуби од Чешка со 27:25 и сега за пласман во втората фаза ќе треба позитивен резултат во вторник против ко-домаќинот на евро-шампионатот Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2020 20:18