Според пивотот на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов, денешниот пораз од Чешка (25:27) не значи и крај на надежите за пласман во втората фаза на Европското првенство.

-Ништо не е загубено. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме. Имаме шанси. Денеска ние промашивме, они дадоа и тоа е тоа. Од овој натпревар треба да извлечеме поука, да даваме голови кога имаме шанси, порача Стоилов.

По двата настапа во Б-групата на ЕП, С.Македонија има една победа и еден пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2020 20:19