Карате федерацијата на Македонија вчеравечер во Скопје ги прогласи најуспешни клубови, тренери и натпреварувачи за 2019 година. Наградата за најдобар каратрист за 2019 година отиде кај Емил Павлов.
Најдобри по категории:
Најуспешен клуб во сениорска конкуренција: Штип – Штип.
Најуспешен тренер во сениорска конкуренција: Сашко Арсовски.
Најуспешен клуб во младинска конкуренција: Макпетрол – Скопје.
Најуспешен тренер во младинска конкуренција: Бошко Заборски. Добитници на главните награди во категоријата сениори за 2019 се следниве: Кумите сениори машки: Емил Павлов Берат Јакупи Жарко Арсовски.
Кумите сениори женски: Драгана Манговска Моника Стефановска Наташа Стефановска.
Ката сениори машки: Ферри Исиќ Јован Васиќ Христијан Димитријевски.
Ката сениори женски: Пулексенија Јованоска Кристина Каламукоска Матеа Талеска.
Добитници на главните награди во категоријата сениори до 21 година за 2019 се следниве: Кумите сениори до 21 година машки Доан Османи Петар Спасеновски Фахик Весели.
Кумите сениори до 21 година женски: Ангела Мојсовска Вероника Костовска Сајра Морина.
Ката сениори до 21 година машки: Георги Бановски Реџеп Мустафовски Александар Спасовски.
Ката сениори до 21 година женски: Теодора Цветкоска Даниела Дракуловскa Каролина Јанчовска.
Доделени беа и награди во помладите категории.