Пари Сен Жермен на својата официјална веб-страница објави продолжување на договорот со дефанзивецот Маркињос.

Новиот договор со 25-годишниот Бразилец е до 30 јуни 2024 година.

Маркињос беше привлечен во ПСЖ во 2013 година. Како дел од парижаните, тој четири пати стана шампион на Франција.

Оваа сезона Бразилецот зеде учество во 25 натпревари и постигна 1 гол.

2020-01-13 22:29:08, од Влатче Зорба



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2020 23:27