Фудбалерот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло успешно е опериран по кинењето на вкрстените лигаменти во десното коленото. Операцијата ја изврши д-р Маријани во клиниката „Вила Стјуарт“, специјализирана за повреди на лигаментите на спортистите.

Игор Заниоло, таткото на фудбалерот, зборуваше за времето на закрепнување.

– Обично рехабилитацијата трае пет до шест месеци, но ќе видиме. Сега тој треба да се фокусира да застане на нозе, а потоа ќе видиме колку е важно да не се брзаат работите.

Николо Заниоло се повреди минатиот викенд на дербито со Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 00:22