Бранителот на трофејот во Француското фудбалско првенство, тимот на Пари Сен-Жермен, синоќа забележа убедлив триумф со 4:1 на гостувањето кај Монако.

Килјан Мбапе беше стрелец на два гола, по еднаш погодија Нејмар и Пабло Сарабија, додека поразот на домаќините го ублажи Теме Бакајоко.

По 20 кола ПСЖ е убедливо прв со 49 бода, осум повеќе од Марсеј. По нив следуваат Рен со 36, Нант со 32, Лил со 31,…

Монако е на 9. место со 29 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2020 11:11