Фудбалерите на Вардар пристигнаа во Анталија каде до 4 февруари ќе темпираат форма и ќе се воигруваат за пролетниот дел од македонското првенство.
Под команда на тренерот Александар Васоски е сиот расположлив кадар, со исклучок на Никола Серафимов кој е пред трансфер во странство.
Паралелно со тренинзите, „црвено-црните“ ќе одиграат и шест контролни натпревари со реномирани противници од регионот и пошироко.
Лидерот на прволигашката табела во Турција ќе одмери сили, со сплитски Хајдук (20 јануари), со украинскиот гигант Динамо Киев (23 јануари), со Бачка Топола (26 јануари), со белградска Црвена звезда (29 јануари), со Борац Бања Лука (2 февруари) и со Мура (4 февруари).